Османи бара одговорност за нападот на болницата во Газа

t

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи го осуди синоќешниот напад врз училиште и болница во појасот Газа.  Тој посочи дека ваквото гранатирање со стотици цивилни жртви е нехуман чин на терор за кој нема оправдување.

-Почитување на меѓународното и хуманитарно право е приоритет, а цивилите мора да бидат целосно заштитени по секоја цена. Сторителите на овој чин мора да бидат јасно идентификувани и да одговараат, објави Османи на социјалните мрежи.

Министерството за здравство на палестинското движење Хамас, кое владее во Газа, соопшти дека „во израелскиот напад“ на периметарот на болницата во градот Газа, загинале околу 500 луѓе и дека уште многу се под урнатините.

Израелската армија во вторникот вечерта соопшти дека не е одговорна за експлозијата во болницата, туку дека болницата била погодена од палестинска ракета испукана по грешка и вината ја препишале на организацијата Исламски џихад.

По овој напад, либанскиот Хезболах повика на „ден на гневот“. Исто така, протести се одржаа во повеќе земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел уби висок командант на Хамас во…

Израелската армија во петокот соопшти дека убила…

22.233 ученици се регистрирани за новата учебна…

Директоратот „Текума“, задолжен за обновата на заедниците…

Нова пратка со 900 тони хуманитарна помош…

Уште една, нова пратка со 900 тони…

„Хамас“ се согласи да ја предаде власта…

„Хамас“ се согласил да ја предаде власта…

Израел нападна полициска станица во Газа –…

ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…