Османи: Во Софија ќе го покренам прашањето за македонскиот клуб во Благоевград
Министерот за надворешни работи Бујар Османи престојува во дводневна работна посета на Софија, за време на која се планирани средби со неговиот бугарски колега Николај Милков, со премиерот на Бугарија, Галаб Донев, како и со лидерите на главните партии застапени во новото бугарско Собрание.
Османи вели дека овие средби се обид да се одржи и надогради конструктивната атмосфера помеѓу двете држави, особено во последните месеци, а со тоа да се спречи, како што вели, агендата на оние кои што сакаат да ги нарушат односите.
Министерот воедно учествуваше на состанокот на министри за надворешни работи на Централно Европската иницијатива чиј домаќин оваа година беше министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков во рамките на бугарското претседавање со иницијативата.
„Се разбира, утре, меѓудругото, ќе го покренам и прашањето на отворањето на македонскиот култуен центар во Благоевград. Сето тоа во функција на взаемната промоција на културата во двете држави. Тоа е вистинскиот пат кој треба да го следиме преку институционалните механизми, да се гради доверба помеѓу двете држави и двете општества, како и градење на заедничка иднина во рамки на ЕУ“, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита…
Политиката се темели на разговори. Јас сум…
СОСЕДИТЕ ПРОФИТИРААТ ИАКО РУДАРСТВОТО ИМ СТАГНИРА –…
Бугарија минатата 2025 година произвела руда во…
Минималната плата во Бугарија во 2027 година…
Минималната плата во Бугарија за 2027 година…
Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради…
Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони…
Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со…
Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка…