Османи во Штип: Ни се нуди да гниеме внатре од неможноста да циркулира европскиот кислород

t

Овие избори не се избори помеѓу различни политички партии и различни кандидати. Ова е битка меѓу два концепта. Концепт на европска интеграција наспроти концепт на изолација. Концепт на соживот наспроти концепт на етнички тензии и омраза. Концепт на прогрес наспроти концепт на регрес, порача вечерва во своето обраќање на митингот во Штип, кандидатот за претседател на ДУИ и на коалицијата „Европски фронт“, Бујар Османи.

Тој пред членовите и симпатизерите на Демократската партија на Турците и на ДУИ истакна дека животот го има научено дека секој од нас има квалитет и има можност да успее, доколку државата му даде шанса да успее.

-Тоа ми стана опсесија и затоа влегов во политиката, за да се борам да изградам држава и општество, во кое секое дете независно од својата етничка припадност, независно од својата верска припадност, независно дали доаѓа од сиромашно или богато семејство или дали доаѓа од селско или градско подрачје може да успее доколку има амбиции за тоа и е посветено да постигне успех. Затоа влегов и во оваа трка, затоа што сметам дека оваа држава заслужува, рече Османи.

Тој додаде дека досега многу е постигнато, гледајќи од перспективата на неговиот народ, кој до пред само 20 години бил целосно исфрлени од државните текови, а само 0,2 проценти биле вработени во државните и јавните институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРАГЕДИЈА ВО ШТИП: Пронајдена мртва девојка!

Тело на почината 26-годишна девојка од Кавадарци…

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и…

МВР информира дека вчера по преземени оперативни…

Османи во Штип: Ни се нуди да…

Овие избори не се избори помеѓу различни…

(Фото+видео) Хаос во Штип: Излеана нафта по…

Државен инспектор за животна средина од Одделението…

Чистотата е половина здравје, а ова е…

Чистотата е половина здравје, а ова е…