Османи во Јордан денеска ќе оствари средба со Кралот на Јордан, Абдула бин ел-Хусеин II
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во својство на претседавач на групата медитерански партнери за соработка на ОБСЕ, денес во Јордан, заедно со Министерот за надворешни работи на Јордан, Ајман Сафади, ќе ја отворат овогодинешната Медитеранска конференција на ОБСЕ.
Овогодинешната конференција е во организација на Македонија и во ко-организација со земјата домаќин, Јордан. Ова е за прв пат, после седум години, одржувањето на медитеранската конференција да се врати кај партнерите од регионот, што се смета за голем чекор во зајакнувањето на врските меѓу организацијата и партнерите од Медитеранот, информираат од МНР.
Во Јордан пристигнати се преку 200 учесници, кои на дводневната конференција ќе дискутираат на неколку различни приоритетни теми поврзани со зајакнувањето на младите и жените, справувањето со ризиците од климатските промени и трговијата со луѓе, и сл. Покрај Домаќините, министрите Османи и Сафади, воведни обраќања се очекува да имаат и Министерот за надворешни работи на Полска, Збигњев Рау, како актуелен претседавач со Организацијата, како и Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид.
По завршувањето на воведниот панел, министерот Османи, придружуван од останатите високи претставници – воведничари ќе остварат средба со Кралот на Јордан, Абдула бин ел-Хусеин II.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ива Михаилова до новинарот Цанов: „Јави ми…
Бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави ново видео…
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Јордан: Уапсени три лица осомничени за нападот…
Безбедносните сили на Јордан уапсиле тројца осомничени…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…