Османи го одреди датумот: На 28 декември предвремени избори во Kосово

t

Окако владејачката партија Сапоопределување на премиерот Албин Курти не успеа да обезбеди доволно гласови во парламентот за да формира влада, претседателката Вјоса Османи го одреди 28 декември како датум за предвремени парламентарни избори, објави Ројтерс.

Изборите ќе бидат втори за една година откако косовскиот парламент не успеа да формира влада по гласањето во февруари на кое Самоопределување  победи, но не успеа да обезбеди доволно места за самостојно да владее.

Потребата од нови избори ќе го одложи многу потребното финансирање за Косово, рече Османи.

Таа рече дека се обидела да ги убеди партиите да се вратат во парламентот за последна седница за гласање за буџетот за следната година, некои договори со Европската унија и заеми од Светската банка и други меѓународни кредитори.

„Зборуваме за повеќе од милијарда евра кои сега ќе останат замрзнати“, им рече таа на новинарите.

Османи го распушти парламентот и ги повика партиите да водат кампања со „највисоки политички стандарди“.

„На нашите граѓани итно им се потребни стабилни и одговорни институции кои донесуваат одлуки во нивен најдобар интерес“, рече таа.

Опозициските партии одбија да владеат со Курти, критикувајќи го неговото справување со односите на Косово со западните сојузници и неговите постапки во етнички поделениот северен дел од Косово, каде што живее српско малцинство.

Курти, левичарски албански националист, дојде на власт во 2021 година кога коалицијата предводена од Ветевендосје освои повеќе од 50% од гласовите и обезбеди мнозинство од седум места во парламентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Човек од Косово лажел дека има леукемија,…

Полицијата во Косово во саботата уапси човек…

ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР: Полицаец осуден за пукањето…

Косовскиот полицаец Кораб Пепај е осуден на…

АХВ најави вонредна контрола во млекара по…

Агенцијата за храна и ветеринарство најави вонреден…

Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…

Ги убил синот и внукот – пронајдени…

Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…