Османи го осуди нападот на Србите во Косово: Насилството е неприфатливо, надлежните да се позанимаваат со случајот
Koсовската претседателка Вјоса Османи, го осуди нападот врз српските момчиња кај Штрпце и им посака брзо закрепнување.
Репортери пренесе дека таа изјавила дека нападот врз нив е неприфатлив и дека сторителот треба да биде изведен пред лицето на правдата.
Османи кажала дека безбедносните агенции треба итно да се позанимаваат со случајот.
Претходно косовскиот премиер Албин Курти не му дозволи на директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, да ги посети ранетите Срби.
Утрово РТС пренесе информација дека уште еден млад Србин бил нападнат доцна ноќеска, во 2.30 часот. Се преземаат мерки за расчистување и на овој случај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…
Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга
Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…