Османи до ВМРО-ДПМНЕ: Се удираат по гради дека нема да го користат новото име на државата, а сите формулари за пратенички листи ги имаат потпишано со Северна Македонија – ја навредуваат интелигенцијата на народот

t

Министерот за надворешни работи и кандидат за претседател на државата на Европскиот фронт Бујар Османи денеска ги демантираше и ги оцени како лажни вести обвинувањата од опозицијата дека наводно скрил важен документ од ЕК потпишан од 25 нивни членки освен од Грција и Франција дека до септември ќе нѐ пуштаат со старите документи.

– Не е точно. Ова е дел од таа фабрика на лажни вести коишто ја открија во ВМРО-ДПМНЕ. Знаете дека создале фабрика за пропаганда и лажни вести и тоа е дел од таа фабрика, којашто мислам дека наредните денови повеќе и повеќе ќе се разоткрие. Во однос на пасошите засега не се проблем европските земји. Проблем е што МВР го има сменето Законот и ги има декларирано нашите пасоши за неважечки и граѓаните не може да ја напуштат нашата граница. Така што ние воопшто не сме стигнале до проблемот со границата на земјите од ЕУ. Граѓаните со наши пасоши не можат да ја напуштат нашата граница бидејќи од нашите закони се декларирани како неважечки. Додека за враќање ние ги имаме направено и преземено сите мерки никој да нема пречка да се врати. И јас досега не сум слушнал дека некој граѓанин не успеал да се врати во државата бидејќи не можел да помине низ земји членки на ЕУ – вели Османи на новинарско прашање по денешната дебата во Старата скопска чаршија во рамки на неговата кампања за претседател.

Според него, МВР треба да каже зошто уште е бавен процесот на издавање пасоши и при тоа ја повтори неговата понуда да помогнат за да се забрза тој процес на издвање нови документи со новото уставно име.

– Понудив наместо политиканство, наместо парадирање, наместо предизборна кампања да седне министерот да се реорганизира. Ако треба се понудив јас лично со моето Министерство сите ќе одиме во МВР ќе сликаме, ќе пополниме формулари да им помогнеме. Треба организација, треба способност. Оваа работа бара капацитет, а не политиканство. Не удирање по гради дека јас нема да го користам новото име на државата, а сите формулари за пратенички листи ги имаат потпишано со Северна Македонија. Кого манипулираат? Зошто ја навредуваат интелигенцијата на граѓаните. Тој фолклор е поминат, надминат пред 30-40 години. Потпишале сѐ со Македонија и даваат изјави – ние нема да го користиме новото име – вели Османи.

Тој додава дека тоа што можеше да се смени во однос на личните документи е веќе сменето во однос на возачките дозволи и личните карти, додека за пасошите, вели, тоа е прашање коешто значи директно кршење на Договорот од Преспа и на Уставот.

Потребна е, вели, реорганизација за издавање пасоши на граѓаните, за што е подготвен да помогне и да ја прекине и кампањата.

– Се нудам и денеска – ќе ја прекинам мојата кампања ако треба и ќе одам во МВР ќе сликам, ќе пополнувам формулари со сите мои луѓе коишто се дел од овој караван. Така се прави тоа – со дисциплина, со реорганизација, со нудење на услуги на граѓаните – вели Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рускиот напредок задава силен удар на источниот…

Руските сили се подготвени да напредуваат кон…

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи…

Пораст на платите во приватниот и во…

Блинкен се сретна со роднините заложници кои…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен се сретна…

Над три милиони патници лани минале на…

Пораст од 33 отсто во патничкиот сообраќај…

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина…

Бугарската амбасада во Албанија донираше опрема и…