Османи: Државата е стабилна, а заканата доаѓа од надвор, не е игра на тинејџери!

t

Државата е стабилна, нема ризик од дестабилизација, смирува министерот Османи по серијата лажни дојави за поставени бомби и апелот на германското МНР до нивните државјани да бидат внимателни ако патуваат во Македонија.

За проблемот со дојавите е информирана НАТО Алијансата, а процесот го води МВР од каде побарале помош од партнерските земји кои се соочуваат со истиот проблем. Османи оценува – заканата доаѓа од надвор, и како што рече – не е игра на тинејџери.

Министерот очекува деновиве да се одржи консултација со претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски и да се донесе одлука дали поранешниот директор на АНБ Виктор Димовски ќе биде новиот амбасадор во Франција, по случајот со државјанството на бизнисменот Онишченко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…

Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…

Мерц се закани дека ќе го блокира…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…

Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…

Русија и Украина со добра волја пристапуваат…

Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…

Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…