Османи за дивоградбите во Чаир: Секој функционер што се огрешил пред законот ќе си одговара, да не страдаат недолжните граѓани

t

Денеска кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, и поранешен министер за надворешни работи на Република Македонија во својата прес – конференција пред граѓаните на општина Чаир коментираше за дивоградбите кои се изградени во таа општина.

„Денес сум тука пред само еден од „симоболите на срамот“, тие дивоградби позади нас“ – го започна своето обраќање Османи.

„Две згради во „еден сендвич“ ставиле мала куќа на која и е одземен воздухот и сонцето. На неколку метри понатаму е зградата „Титан“, која е карикатура на 20 годишното владеење и безредие на една „мала клика“. Го нарекуваат Чаир дијамант, бидејќи Чаир беше дијамант за нив. Овие згради се само неколку меѓу стотиците згради кои се нелегално изградени, тие им го одземале сонцето на граѓаните на Чаир. Овие згради се доказ за системска корупција меѓу бизнис интересите и институциите.“ – додава кандидатот за градоначалник на општина Чаир

Османи како иден градоначалник ветува целосна ревизија, прегледување на секој сомнителен слулчај и дека секој што потпишал незаконски ќе одговара. Јавна дигитална мапа и стопирање на сите постапки за кои постојат индиции за незаконско работење.

„Правда за измамените граѓани, чесните купивачи не се виновни. Ќе им ја гарантираме безбедноста, а потоа одговорност ќе сносат оние кои ги злоупотребиле инстируциите.“ – најави Османи

Додаде дека поради несовесното и неправилното градење на дивоградбите, еден помал земјотрес или еден пожар како тој во Кочани, во Чаир жртвите би биле огромни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Повторно се гради дивоградбата на државно…

„Повторно се изведуваат градежни работи на објектот…

Меџити: Чаир е само шеста општина во…

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, на…

СДСМ: Во Чаир законите не важат

Изјава, на Кети Штерјова-Советничката од СДСМ во…

Опожарени три возила во Чаир

На 25.06.2026 околу 02:20 часот во СВР…

Арсовска прашува: Каде е обвинението против Ганиу…

Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска,…