Османи за домашното санкционирање на лица на „црна листа“: Има за цел да обезбеди меѓународен мир и владеење на правото

t

Министерот за надворешни работи Бујар Османи посочи дека Законот за рестриктивни мерки има за цел да обезбеди меѓународен мир, безбедност, демократија и владеење на правото. Тој рече дека нема политичко повлекување на Законот, туку административно повлекување, бидејќи беше условно донесен Закон и сега новата Влада треба да го потврди.

„Законот е во надлежност на министерството за надворешни работи, и јас имав можност да презентирам пред јавноста одредени погледи како сметаме дека треба да се направат измените на Законот за рестриктивни мерки. На Влада дополнително се усогласи со законодавство и министерство, и тој беше одобрен од страна на Владата условно, со цел да се направат дополнителни усогласувања во меѓувреме со министерството за правда и законодавството, што во рамки на работна група и се случи. Сега бидејќи има нова Влада потребно е новата Влада да го потврди текстот на Законот“, истакна Османи вечерва во своето гостување на ТВ 21.

Тој посочи дека Законот за рестриктивни мерки има за цел да обезбеди меѓународен мир, безбедност, демократија и владеење на правото. Но, во целите на Законот се додава дека се однесува и на борбата против корупцијата, злоупотребата на службената должност и хибридните закани.

„Во сегашното законско решение како основ за воведување на рестриктивни мерки од страна на нашата држава се три основи, тоа се задолжителни резолуции на Советот на безбедност на ОН, акти, правни акти на ЕУ и билатерални акти на други држави но само за тероризам и квалиферација. Сега додаваме дека за овие цели, безбедност, меѓународен мир, борба против корупцијата, злоупотреба на службена должност, како основа за донесување на рестриктивни мерки ги земаме и правните акти на САД и правните акти на Обединетото Кралство, со тоа што понатаму се разглобува која е процедурата за донесување на правните акти“, рече Османи.

Тој додаде дека во актуелното решение како видови рестриктивни мерки се ембарго за оружје, забрана за влез, финансиски мерки. Сега, посочи, додаваат покренување на кривична постапка и преземање на мерки за обезбедување.

„Кога ќе има ваков правен акт, МНР, МВР и ЈО предлагаат до Владата да донесе одлука и за наши рестриктивни мерки. Ако е за корупција, злоупотреба на службена должност Владата е должна, односно органот што предлага да ги однесе сите факти што ги има собрано од изворот на рестрикцијата до ЈО. ЈО е должно да отвори кривична постапка и ако покрене обвинение, и судот го прифати тоа обвинение, тогаш судот може да донесе привремени мерки за обезбедување – забрана за вршење јавна функција, вклучувајќи и кандидирање на избори и конфискација на имот и други финансиски мерки“, додаде Османи.

Тој истакна оти е точно дека министерството за правда имало негативно мислење за првичното решение, посочувајќи дека мора да има судска одлука, и затоа биле направени дополнителни измени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ѝ се заканија на Турција со…

Помошникот на шефот на американското Министерство за…

Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…

САД: Неонацистичка група има намера да се…

Предизборната кампања во САД се соочи со…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…

Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…

Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…