Османи знаел дека Мицкоски ќе се премисли: Во април најдоцна предвремени избори и Влада на ВМРО и ДУИ која ќе нѐ внесе во ЕУ

t

Според моите сознанија и проценки, предвремените парламентарни избори ќе се одржат во март или во април следната година, рече денеска кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи. Тој одговараше на новинарско прашање за коментар на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека по локалните избори ќе размислат за можноста за предвремени парламентарни избори.

– Тоа е всушност тоа што го кажувам јас и ние од почетокот, дека – да, ќе има предвремени парламентарни избори некаде во март или во април. И ова го кажувам најаргументирано, врз основа на сите разговори и договори што ги има на политичката сцена – рече  Османи.

Тој додаде дека изјавата на премиерот само го потврдува она на што ДУИ и другите опозициски политички сили укажуваат со месеци, дека сегашната влада е нестабилна и неодржлива.

– Се разбира дека на премиерот веројатно му требаа дополнителни аргументи, коишто сега ги гледа на терен, во односот на силите и тоа што се случува. Ситуацијата е неодржлива во која се наоѓаме и затоа веќе почна и тој да го спрема теренот. Но, независно од неговата изјава, јас ви тврдам дека предвремени парламентарни избори ќе има во март–април и ќе има нова влада која ќе го откочи европскиот процес, ќе го врати соживотот и економскиот просперитет на земјата – рече Османи.

Премиерот Христијан Мицкоски, во рок од една недела се попишмани за тоа дали ќе има предвремени параментални избори. Тој пред една недела, категорично тврдеше дека нема да има предвемени избор, за вчера да ја смени својата изјава и да каже дека има можност за истите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: ВЛЕН со дискриминаторско, незаконско и условено…

Демократската унија за интеграција остро реагира на…

ВЛЕН: ДУИ ЌЕ МОРА ДА ОДГОВОРИ ЗА…

ВЛЕН јасно и без никаква резерва го…

Влен до ДУИ: Ако имавте обезбедено пари…

Соопштение на ВЛЕН ВЛЕН ДЕНЕС ГРАДИ, ДУИ…

ДУИ тврди дека 105 Албанци аплицирале во…

Демократската унија за интеграција (ДУИ) обвинува дека…

ВЛЕН: Заменик-министрите на ДУИ молчеа кога Албанците…

ДУИ уште еднаш ја активираше својата фабрика…