Османи: Изјавите на портпаролот на Европската Унија за мостот на Ибар се расистички
Косовската претседателка смета дека евентуалните разговори со Србија за отворање на мостот за возила би биле против Уставот и суверенитетот на Косово
Словакот Стано не ги прашува соседните земји кога поминува некој мост во неговата земја, па следствено, ниту Србија не треба да се прашува за мост на територијата на Косово – реагира косовската претседателка Вјоса Османи по изјавата на портпаролот на Европската Унија, Петар Стано, во која се вели дека доколку Приштина преземе еднострани мерки, ЕУ може да преземе дополнителни санкции кон Косово.
„Што се однесува до ЕУ, изјавите на портпаролот на овие институции се пред сѐ расистички, така што не верувам дека заслужуваат поголемо внимание од моја страна. Јас цело време зборував против тие нивни расистички изјави. Нема никаква причина и јас на секој начин се противам на дискусијата во Брисел за прашањето за отворање на мостот. Немаме што да ја прашуваме Србија, исто како и овој портпарол – мислам дека е од Словачка – кој не прашува ниту една од соседните земји кога го поминува сопствениот мост. Значи, нема што да се прашува Србија за мост на територијата на Република Косово“,рече Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со пониска инфлација од просекот на…
Годишната инфлација во Европската Унија во септември…
ЕУ бара Канада и Велика Британија да…
Европската Унија се подготвува да ги убеди…
На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…