Османи и Генчовска го потпишаа Протоколот – Нема да биде објавен ниту денеска!

t

Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи и неговата бугарска колешка Теодора Генчовска денеска го потпишаа протоколот за спроведување на Договорот за добрососедство, но според бугарските медиуми неговата содржина нема да биде објавена ниту денеска. Бугарското национално радио јави дека содржината на овој документ се очекува да биде објавена во наредните денови, најверојатно по утрешната средба на амбасадорите во ЕУ во Брисел.

Познато е дека документот е на најмалку 10 страници и содржи конкретни мерки и рокови за обете страни. Според она што синоќа го кажа Османи на брифинг со новинарите предвидено е заедничко чествување на историски ликови и настани, како и промена на учебниците, но за сите такви промени ќе одлучува Мешовитата историска комисија и  за промените ќе треба да се согласат сите седуммина нејзини членови. За работата на историската комисија не се поставени рокови, туку има само охрабрување научниците што побрзо да ја завршат работата за средновековниот период. Други конкретни детаљи не се познати.

Министерот Османи со денови ја уверуваше вознемирената македонската јавност дека протоколот ќе биде објавен и дебатиран пред да биде потпишан, но тоа не се случи.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Посмртните останки на цар Самоил предадени…

Бугарскиот премиер Румен Радев пристигна во Музејот…

Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…

Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…

Бугарија стана светски лидер во складирање струја…

За помалку од две години, Бугарија стана…

Румен Радев ја повика Европа на дијалог…

Европската Унија треба да води дипломатски дијалог…