Османи и Малески ги плашат Македонците – Албанците ќе почнеле со немири, ако Македонија не се европеизира“

t

„Во сложената игра на заведувања и меѓународни притисоци Македонија да попушти и да ги прифати бугарските барања големо учество имаат и македонските власти, кои приклонуваат и потклекнуваат кон таква разврска. Еден од фактите што говорат во тој прилог е најновиот обид странично да се уфрли Албанија како закана за иднината на пристапниот процес на македонска штета.“ – вели Панде Колемишевски во својот коментар со наслов „Албанија како плашило за Македонија“, кој го објави весникот „Нова Македонија“.

Колемишевски пишува: „ Во тој контекст, најкарактеристична е изјавата на домашниот министер за надворешни работи Бујар Османи, кој ни соопшти дека не треба да нѐ чуди, ако Албанија во јуни побара да го продолжи процесот за евроинтеграции без нас. Османи, за кого и во самото министерство шират шпекулации дека Македонија редовно ја поврзува со Албанија и со Косово, отвора нов колосек .за кој знае дека не може да функционира. За дообјаснување на таа изјава и за употребата на Албанија како плашило се погрижи Денко Малески, кој е жесток поддржувач на Владата во настојувањето да почнат преговорите со ЕУ, по секоја цена, без оглед по националните штети на Македонците.“

„На прашањето какви последици би предизвикало забрзаното движење на Албанија кон ЕУ, а какви ќе има нашето заостанување на истиот тој пат, Малески одговара дека, ако не се европеизираме бргу, тогаш Албанија може да стане привлечна како модел и да предизвика внатрешни тензии во Македонија, односно да се случат немири во една држава што стои во место и што не се движи напред. Иако не ги спомнува, се подразбира кој би ги предизвикал – немирите и дестабилизацијата би ги почнале Албанците во Македонија, во случајов ДУИ, како најмоќна партија.“

„Коментарот на Малески, поддржувајќи го Османи, не е препорака, туку своевидна строга и сурова закана кон македонските власти час поскоро да се договорат со Бугарија, по цена на попуштање од наша страна. Малески се повикува на францускиот претседател Макрон. Тој во 2019 година изјави дека одвојувањето на с.Македонија и на Албанија во процесот на пристапните преговори со Европската Унија би можело да предизвика насилство кај албанското малцинство. Малески погрешно ја интерпретира изјавата на Макрон, кој говори за тоа дали Македонија, која е понапред со реформите, да се одвои од Албанија, која заостанува, а не обратно, Албанија да добие предност. Никаде и никој не предвидува евентуална војна по прашањето за прием во ЕУ.“

„Дента кога министерот за надворешни работи зборува за можни дестабилизации министерката за одбрана Славјанка Петровска изрази став дека нашата безбедносна состојба е стабилна. Во моментот нема индиции за директни закани врз Македонија од безбедносен аспект. Таа не верува во црните сценарија, што ги пласираат Османи и Денко Малески. Злоупотребата, во случајов на Албанија, нејзиното користење за остварување антидржавни и антинационални цели, не е во ничија корист – ниту на Македонија, ниту на Албанија.“ – заклучува Панде Колемишевски во својот коментар.

Извор: Нова Македонија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец искршил стакла на банка во Аеродром

Вчера во 09:50 часот на подрачјето на…

(Фото) Од далеку многу, далеку од многу:…

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ имало околу 25.000…

Европската Унија издвои шест милијарди евра за…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

АТЕНТАТ НА ВИСОК РУСКИ ФУНКЦИОНЕР: Го избоделе…

Гувернерот на областа Мурманск, Андреј Чибис е…

Ванковска: Сè ни одземаа, освен душата –…

Претседателскиот кандидат Билјана Ванковска, поддржана од партијата…