Османи и Пендаровски на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, од утре ќе учествува на неделата на висок сегмент на 78-то Генерално собрание на Обединетите нации, во Њујорк, каде во својство на министер за надворешни работи, но и Претседавач со ОБСЕ, А5 и ПСЈИЕ ќе земе учество на повеќе важни настани.
Оваа посета се реализира во историски момент за Македонија, кога земјата во исто време претседава со три различни процеси кои се од големо национално значење: ОБСЕ, САД – Јадранската повелба (А5) и Процесот за соработка во Југоисточна Европа – ПСЈИЕ, на кои претседавач е министерот Османи.
Во таа насока, Османи ќе предводи важни средби со земјите од А5 САД-Јадранската повелба, земјите членки на ПСЈИЕ, ОБСЕ Тројката, и повеќе билатерални состаноци со министрите за надворешни работи на повеќе земји. Воедно ќе учествува и на низа други настани на високо ниво организирани од страна на ОН.
Делегацијата на овогодинешниот висок сегмент на Генералното собрание е предводена од Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, а Генералната дебата се одржува на тема „Обнова на довербата и повторно враќање на глобалната солидарност: Забрзување на акцијата за Агендата 2030 и нејзините цели за одржлив развој кон мир, просперитет, напредок и одржливост за сите“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…