Османи: Левица е во функција на руската пропаганда за да го свртат македонскиот народ против ЕУ и САД

t

Во однос на најавите од Левица дека ќе поднесе нова иницијатива за распишување референдум, министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес конференција кажа дека неговиот личен став е дека тие не се македонска партија, туку, како што рече, партија во функција на руската пропаганда за да го свртат македонскиот народ против ЕУ и САД.

– Мислам дека на државата нема да и направат многу штета затоа што има поширок консензус за правците по кои таа се движи, но на народот што го претставуваат може да му направат многу штета обидувајќи се да го свртат против вредностите што ние ги споделуваме. Не треба да паднеме на таа пропаганда која делумно е стимулирана и финансирана и има многу лоши и зли намери, прво кон сопствениот народ, а потоа и кон другите граѓани и кон државата, вели Османи.

Тој додаде дека е легитимно партиите да ги користат овие незадоволства и фрустрации на граѓаните за за политички цели, но, како што потенцира, мора да има одредени граници и тоа не смее да биде на сметка на иднината на државата, ниту на сметка на иднината на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Херојот кој беше убиен во Вејце –…

почит кон споменот на бранителот Бобан Трајковски,…

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на…

Уште еден голем успех на хрватските лекари.…

Пожар зад Универзална сала

Пожар избувна предмалку во куќа на улицата…

Медведев во негов стил: Ќе ги победиме…

Русија ќе победи во борбата против новите…

Мицотакис: Грција нема да испрати Патриот или…

Грција нема да ѝ испорача на Украина…