Османи-Липавски: Уставните измени се единствена можност за продолжување на европскиот пат на Македонија
Во рамки на работната посета на Чешка, денес, во Прага, министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Чешка, Јан Липавски, соопштија од МНР.
– На средбата беше изразено заемно задоволство од развојот на билатералните односи меѓу двете земји изминатите три децении, со акцент на недвосмислената и гласна чешка поддршка за пристапниот процес на нашата држава во Европската унија. Во тој контекст, министерот Липавски изрази надеж за што поскоро усвојување на уставните измени, како единствена можност за продолжување на европскиот пат на Македонија, истовремено потенцирајќи ја важноста регионот на Западен Балкан што поскоро да биде дел од ЕУ семејството.
„Го поздравуваме повикот од Чешка до институциите на ЕУ да презентираат јасна агенда за постепена и забрзана интеграција со државите од Западен Балкан, во насока на обезбедување опипливи придобивки за нашите граѓани“, истакна Османи.
Беа разменети мислења и за актуелните меѓународни и регионални прашања, како и за соработката и предизвиците во рамките на претседавањето на Македонија со ОБСЕ во 2023, чија цел е зачувувањето на безбедноста на европскиот континент, стои во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…
Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…