Османи: Македонија е посветена на глобалната борба против антисемитизмот
Министерот Османи ја нагласи важноста на полноправното членство на земјава во Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот „ИХРА“.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска оствари средба со израелската парламентарна делегација што престојува во посета на земјава, во чиј состав се Хамад Амар, претседател на Пратеничката групата за пријателство и соработка со Македонија и Тсега Мелаку, член на оваа група во Кнесетот.
Како што информираа од МНР, на средбата се поздравени пријателските односи меѓу двете земји, а се разговараше и за понатамошно продлабочување на соработката со посебен акцент на парламентарната димензија.
– Покрај овие теми, фокус беше ставен и на одбележувањето на 80-та годишнина од депортацијата на македонските Евреи во нацистичкиот логор Треблинка во 1943 година, која оваа година се одбележува со повеќе комеморативни настани, соопшуваат од МНР.
Министерот Османи ја нагласи важноста на полноправното членство на земјава во Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот „ИХРА“, како јасна потврда на нејзината посветеност не само на сеќавањето, образованието и истражувањето за Холокаустот, туку и на глобалната борба против антисемитизмот и севкупните активности за унапредување на животот на припадниците на еврејската заедница ширум светот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Демонстрантите во Тирана се обидоа да ги…
За време на вчерашниот протест во Тирана,…
(Видео) Голем пожар во индустриската зона на…
Голем пожар избувна во индустриската зона на…
Нема повеќе да роварат одвнатре – велат…
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија објави…
Денес започнува обврската за зимска опрема
Како и секогаш, и оваа година остануваме…
Кирил Петков: Русија сака да одлучува наместо…
Русија сака да одлучува наместо нас што…