Османи: Македонските граѓани час поскоро да го напуштат Либан, состојбата таму е непредвидлива

t

Во контекст на состојбите во Израел но и имајќи го на ум фактот дека ние како држава сме должни секој наш државјанин да го згрижиме, ги повикуваме сите наши граѓани во Либан да ја напуштат државата поради непредвидливата на ситуација таму – изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи, во врска со случувањата во Израел.

Според него, граѓаните таму особено треба да бидат внимателни поради фактот што со Либан немаме ниту дипломатски односи, а немаме ниту амбасада.

„Особено треба да бидат внимателни поради фактот што со Либан немаме ниту дипломатски односи, немаме ниту амбасада и ќе биде многу тешко потоа да ги згрижиме нашите граѓани во услови состојбата да се влоши. Сакаме однапред да испратиме покана до сите наши граѓани што се во Либан или, пак, планираат да патуваат во Либан, тоа да го одложат“, односно, како што рече, тие што се таму да ја напуштат државата.

Во врска со извлекувањето на брачниот пар од Газа, Османи појасни дека станува збор за брачен пар, тоа се локални жители на Газа, но имаат и државјанство на Македонија и дека државата е должна секој свој државјанин да го згрижи.

„Во рамките на овие напори да се овозможи граничен премин од Газа во Египет. Во комуникација сме и со луѓето и со МНР на Египет“, истакна Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Очекувам аукцијата за отуѓување на акциите…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување…

Приведен е братот на Виктор Орбан осомничен…

Братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан,…

Мајка донела пакет за синот во „Идризово“,…

При редовна проверка на пакет во затворот…

Искршени плочи на гробишта во Скопје по…

По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…

Пет дена боледување од матичен – Нови…

Од 1 декември се менуваат правилата за…