Османи му честита победа на Меџити: Доволно долго сум во политиката за да ги препознаам и почитувам пораките на граѓаните

t

Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ Бујар Османи, му ја честита победата на својот противкандидат од ВЛЕН Изет Меџити и најави дека за следните политички чекори ќе ја информира јавноста наредните денови.

„Честитки до мојот противкандидат и целата коалиција што застана зад него, тие се победници на изборите во Чаир и им посакувам успех во водењето на општината во следните четири години. За следните политички чекори, во следните денови“,напиша Османи на Фејсбук

.

Тој изрази задоволство од денот на изборите, оценувајќи дека изборниот ден бил успешен и без големи забелешки, но оцени дека кампањата не била ни фер ни легална.

„Би сакал да изразам благодарност до сите соработници во текот на кампањата: од активисти и партиски и коалициски пријатели, поддржувачи, форумот на жени. Навистина беше чест да се работи посветено и пожртвувано, процес во кој се создаде убава визија за Чаир, но и многу нови пријателства. Сепак, во политиката, граѓаните го имаат последниот збор. Доволно долго сум во политиката за да ги препознавам и почитувам пораките што граѓаните ги испраќаат. Иако кампањата не беше ни фер ни легална во секој аспект, не сакам да се жалам, затоа што верувам дека искреноста и вредностите имаат смисла само кога ги одржувате дури и во вакви ситуаации“,порача Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Два притвори, еден куќен притвор и мерки…

Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство…

„Гугл“, „Мета“ и „Тикток“ ја тужат Калифорнија:…

Технолошките гиганти Гугл, Мета и Тикток отворија…

Министерство за одбрана до ДУИ: Целата постапка…

По обвинувања од политичка партија за наводно…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

Одложено денешното рочиште за „Лотарија“, судењето продолжува…

Судското рочиште за предметот „Државна лотарија“, кое…