Османи на панелот “Европа после Украина“: Интеграцијата на Западниот Балкан е геостратешка инвестиција во европската безбедност
Интеграцијата на Западниот Балкан е геостратешка инвестиција во европската безбедност
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на покана на Делфи економскиот форум, учествуваше на панелот “Европа после Украина“, заедно со своите колеги од Грција, Словачка и Косово – Никос Дендиас, Иван Корчок, и Доника Грвала Шварц.
На панелот се дискутираше за актуелните безбедносни предизвици со кои се соочува европскиот континент, за начинот на менаџирање на кризата, како и влијанието на истата врз севкупните процеси и состојби во европските земји и пошироко.
На почетокот на своето обраќање Османи ги пренесе своите импресии од неговата вчерашна посета на полско-украинската граница, каде со своите хомолози од тројката земји претседавачи со ОБСЕ, имаа заедничка средба со украинскиот шеф на дипломатија Кулеба и го посетија бегалскиот камп во Корчова.
“Она што го видов вчера е длабоко вознемирувачко. Вчерашните слики се одраз на нешто што е длабоко неморално, спротивно на универзалните вредности на човештвото. Треба решително да се спротивставиме на ова што се случува и да го спречиме и намалиме човечкото страдање“ истакна Османи.
Ги пренесе позициите на Македонија за војната во Украина, најостро осудувајќи ја агресијата на Руската Федерација, како еклатантно кршење на меѓународното право и придружувајќи се на сите санкции на ЕУ против Русија.
Тој се осврна на одлагањето на формалниот почеток на преговори со ЕУ, нагласувајќи дека интеграцијата на Западниот Балкан е геостратешка инвестиција во европската безбедност.
“Ова претставува извор на системска ранливост и потенцијална закана за безбедноста и стабилноста, чии ефекти се прелеваат на целиот регион, а кои злонамерни актери лесно и вешто го искористуваат“, нагласи Османи.
“Малку е потребно за топката да се фрли во вистинската насока и да се постигне заедничка победа за сите актери кои се дел од процесот, Македонија, Бугарија, регионот на Западен Балкан и ЕУ во целина.
Интеграцијата на Западниот Балкан е геостратешка инвестиција во европската безбедност” рече министерот Османи.
Имајќи ги во предвид геополитичките импликации на војната во Украина, Османи истакна дека ова се историски времиња кои бараат храбри и навремени одлуки и апелираше до ЕУ итно да ги започне преговорите со Македонија и Албанија, за време на француското претседателство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на…
Со исправена глава, поставени на вистински европски…
Лукаревска: Сметам дека ќе бидеме фактор на…
Очекувам дека кај граѓаните ќе надвладее разумот,…
Полска потпиша договор за купување повеќе ракетни…
Најголемата јужнокорејска одбранбена компанија, „Hanwha Aerospace“ го…
Хоти: Никој веќе не му верува на…
Поранешниот премиер Авдула Хоти изјави дека поради…
НАТО: Кина да престане да ѝ помага…
Доколку Кина сака да има добри односи…