Османи: На средбата со Петков бевме исклучително внимателни да не се допираат прашања кои можат да бидат чувствителни за едната или за другата страна
Бујар Османи во емисијата „200“ рече дека на средбата со бугарскиот премиер бил исклучително внимателен да не се допираат прашања кои можат да бидат чувствителни за едната или другата страна, пишува Алсат.
Османи исто така додаде дека процесите неколку пати биле заложник на мислењата креирани под влијание на разни пропаганди но и од луѓе кои за интереси на дневната политика ја искористиле оваа тема за креирање мислење.
„На средбата бевме исклучително внимателни да не се допираат прашања кои можат да бидат чувствителни за едната или за другата страна на негативен начин, затоа што она што го заклучивме, можеби и без воопшто да дискутираме е дека процесите неколку пати беа заложник на мислењата креирани под влијание на разни пропаганди но и од луѓе кои за интереси на дневната политика ја искористија оваа тема за креирање мислење, а потоа ние станавме заложници на тие мислења. Денес заклучивме дека мора да бидеме многу внимателни за пораките што ги испраќаме за двете општества, овде и во Бугарија, но се трудиме и да создадеме нова позитивна атмосфера“, рече Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
(Видео) Посмртните останки на цар Самоил предадени…
Бугарскиот премиер Румен Радев пристигна во Музејот…
Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…
Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…