Османи: Нема дилеми дека треба, ама неприфатливо е да ги внесеме Бугарите во Уставот пред да добиеме датум

t

Точно е дека за време на последната посета на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска изминатиот викенд во Скопје беше кажано првата меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ да се одржи дури по внесување на Бугарите во Уставот, но тоа беше бугарско барање, а не е договорено, изјави вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за „Само вистина“ на Канал 5.

Точно е дека тоа беше бугарско барање и тука премиерот Петков е коректен дека има такво барање. Но нема договор, бидејќи за нас тоа е неприфатливо. Ние мислиме дека треба да е обратно. Нема дилеми дека треба да се направи, но во однос на чекорите сметаме дека треба да е обратно. И се заклучи дека треба да се врати секој во своите централи. Ние сметаме дека преговрачката рамка треба да биде заедно со меѓувладината конференција, а потоа да влеземе во уставни измени, рече Османи одговарајќи на новинарско прашање дали на средбата во саботата е договорено прво да се отвори Уставот, што би го отворило патот за меѓувладина конференција на РСМ и ЕУ.

Бугарскиот премиер Кирил Петков вчера во интервју за БТВ, изјави дека при последната посета на министерката за надворешни работи Теодора Генчовска на Скопје е разговарано првата меѓувладина конференција на Република Македонија со ЕУ да се одржи дури откако Бугарите ќе бидат вметнати во Уставот. Тоа, според Петков, засега е само на ниво на предлог.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитровски: Нашите позиции се јасни – реципроцитет…

Заменик-министерот за надворешни работи и трговија Зоран…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Бугарија дава по 50 евра помош за…

Близу 550.000 Бугари ќе добијат по 50…

Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на…

ОМО „Илинден“ – Пирин ги отфрли тврдењата…

ХОРОР ВО БУГАРИЈА: Татко си го убил…

Денес, околу 11:20 часот, пристигна пријава за…