Османи: Не Бугарија, туку ние бараме да има еден сеопфатен документ со кој ќе се затворат сите политички прашања со Бугарија

t

Наше е барањето да има еден сеопфатен документ со кои ќе се затворат сите политички прашања со Бугарија, со чие решавање тие ќе се затворат еднаш засекогаш, тоа не е бугарско барање, изјави во вечерашната Топ Тема, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на прашањето дали Македонија со ваквиот став можеби крева бело знаме пред бугарските уцени во ЕУ интегративниот процес.

Според Османи, погрешна е перцепцијата дека ваквиот став најавува поместување од македонските позиции, туку напротив нивно зацврстување.

Во однос на тоа што се би опфатил тој документ и како со него ќе се решат отворените прашања, Османи не сакаше да коментира во детали, оценувајќи дека преговорите се во покритична позиција и затоа тој ќе биде воздржан.

Министерот за надворешни работи изјави дека целиот спор е покренат со оспорувањето на преговарачката рамка, која од 27-те земји членки на ЕУ, единствено ја оспорува Бугарија, и тоа заради прашањето на македонскиот јазик и имплементацијата на договорот за добрососедство од 2017 година, кој ги вклучува историските прашања, говорот на омраза, прашањето на рехабилитација на жртвите од комунизмот и прашањето за внесување на бугарската заедница во уставот. При тоа според Османи, македонската страна јасно кажала за што може а за што не може да се преговара.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: БУГАРИЈА ГИ ДРЖИ ВО ЗАЛОЖНИШТВО ЕВРОПСКИТЕ…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека европските перспективи…

Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради…

Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ)…

Јотова победи кај Бугарите во Македонија

Сега веќе новата бугарска претседателка Илијана Јотова…

Над 56.000 Бугари гласале „за никого“ на…

Илијана Јотова оствари убедлива предност пред Андреј…

Јотова ја слави победата на претседателските избори…

Илијана Јотова по изборната победа им се…