Османи: „Не ми се допаѓаат последните односи со Република Бугарија и одредени ставови на политички партии“
„Не ми се допаѓаат последните односи со Република Бугарија и одредени ставови на политички партии. Тие така почнуваат, а потоа стануваат пречка за нашиот европски пат“, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција која доаѓа после посетата на министерот на Софија и на балтичките земји.
Османи објасни што се имаат договорено со бугарскиот колега Милков.
„Се договоривме веднаш да ги активираме секторските работни групи, и тимови од двете министерства ќе направат календар за состаноци на работните групи пет на број, кои ќе се состануваат еднаш месечно. За еден настан се договоривме со Милков, а следниот календар ќе го одработат календарот и ќе се утврди истиот. Се договоривме уште во понеделникот да одржиме бизнис форум со Бугарија тука во Скопје, и очекуваме голем број бизнисмени од Бугарија да дојдат во Скопје, тука ние комуницираме со нашите компании и комори. Прво да одбележиме 1 милијарда евра трговрска размена годинава, односно се очекува да биде 1 милијарда, а веќе сме 800 милиони. И дополнително да се фокусираме на трговската размена. Да се утврди календар за чествување на заедничките историски личности, тие пет кои ги утврдивме за заеднички историски личности. За една личност веќе е јасно а тоа е 24 мај во Рим се чествуваат Свети Кирил и Методиј, останува само за Св. Климент, Св. Наум и Самоил и ќе треба да се почнат разговорите“, изјави Османи.
Министерот за надворешни работи исто така разговарал и за културниот центар во Благоевград, и дека од Бугарија има позитивни сигнали.
„Раговаравме со културниот центар во Благоевград, има позитивен став, останува да видиме во кој период ќе бидеме подтотвени во целокупната процедура за да се отвори културниот центар во Благоевград“, рече Османи, кој објасни дека имал средба со лидерите на сите политички партии во Бугарија, освен со една.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неофицијално: Авраам-Минос Мојсис бил можна цел на…
Авраам-Минос Мојсис, грчки бизнисмен со еврејско потекло…
Денес се празнува Свети Павле Исповедник, патријарх…
Кога блажениот патријарх Александар лежеше на смртна…
Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно наместа со повремени врнежи од…
Ахмети: Македонските, албанските и српските криминалци соработуваат,…
Криминалот не познава етнички граници, додека политичарите…
ПРЕКИН НА КЛУЧЕН ПОДМОРСКИ ИНТЕРНЕТ-КАБЕЛ: Пакистан се…
Сериозни нарушувања во интернет-комуникациите се пријавени во…