Османи нуди решение за хаосот во Чаир: Нови подземни гаражи со над 2.500 места
Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, нуди решение за хаосот со паркирање во Чаир.
– Паркирањето е број еден проблем за граѓаните. Затоа ја претставувам мојата стратегија „Smart Parking“, решение што носи ред, а не хаос.
Краткорочно: ги решаваме најкритичните точки.
Среднорочно: нови подземни гаражи со над 2.500 места.
Долгорочно: „Чаир 2040“, целосна урбанизација.
Ќе изградиме 1000 места на „Џон Кенеди“, 500 во Стариот Чаир, подземни паркинзи на „Методија Митевски“, Саат Кула, „Лирија“ и „Скендербег“. Секое маало ќе има сопствени паркинг-зони за жителите, без уништување на зеленилото и јавниот простор.
Мојата обврска е да му ги вратам редот и достоинството на Чаир. Ова не е ветување на хартија, туку конкретен план за нов лик на нашата општина! – напиша Османи на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Османи нуди решение за хаосот во Чаир:…
Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи,…
Османи ќе гради „Куќа на соживотот“ во…
Кандидатот за градоначалник на општина Чаир, Бујар…
Османи најави сет механизми за соживот и…
Кандидатот за градоначалник на општина Чаир, Бујар…
Османи за дивоградбите во Чаир: Секој функционер…
Денеска кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар…
Османи во посета на џамија и црква…
Кандидатот за градоначалник на општина Чаир, Бујар…