Османи: ОБСЕ во најтешка ситуација од своето основање
Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) е во најтешка ситуација од нејзиното формирање, изјави денеска во изјава за Косово онлајн министерот за надворешни работи на Македонија и претседавач со ОБСЕ Бујар Османи.
„За жалење е што ОБСЕ е во тешка ситуација. Ова е една од најтешките ситуации од формирањето на таа организација. Но, сите 57 земји-членки знаат дека ОБСЕ е важен“, нагласи Османи.
Тој рече дека ОБСЕ е единствена по својата експертиза за решавање на конфликти и важна платформа за дијалог меѓу земјите кои немаат ист став за некое прашање.
Преку дијалог мора да се најде заеднички јазик и да се воспостави мир и стабилност“, подвлече Османи.
Тој, исто така, рече дека Македонија, за време на своето претседавање, се обидува да ја одржи во живот ОБСЕ.
Наш приоритет е да ја одржиме ОБСЕ жива, функционална, а пред се нејзината функција во решавањето на конфликтите“, појасни Османи.
На прашањето дали тоа е можно во денешни услови, на целосен колапс на односите меѓу Русија и Западот, тој рече дека мисли дека тоа е можно и покрај огромните проблеми со кои се соочува ОБСЕ.
„Имаме огромни ризици – буџетот за ОБСЕ не е донесен од 2021 година. Не утврдивме кој ќе претседава со ОБСЕ следната година, па може да се случи Македонија да ја води оваа организација две години. Имаме и криза на политичко-извршното раководство на ОБСЕ.Но, убеден сум дека ќе најдеме решение“, нагласи Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…
Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…
Терористот од Краков почина во болница
Михал Оксински, кој уби шест лица во…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Денес се празнува Светиот маченик Нестор
Во времето на страдањето на Св. Димитриј…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…