Османи од Берлин: Германија има јасна поддршка и ангажман за европскиот пат на Македонија

t

Во рамки на работната посета на Берлин, министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Бундестагот имаше средби со Михаил Рот, претседател на Комисијата за надворешни работи, и со Антон Хофрајтер, претседател на Комисијата за ЕУ прашања, при што била реафирмиран германскиот ангажман и поддршка на европскиот пат на Македонија.

Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите беше европското досие на нашата држава и неопходноста од одлучни чекори од страна на ЕУ во однос на евроинтегративните процеси на државите од Западен Балкан, со оглед на новите геополитички ризици кои го демнат и регионот.

–Со отворањето на пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија, ЕУ ќе ја демонстрира својата геостратешка насока и следствено ќе ја зацврсти заедничката европска безбедносна архитектура, порача министерот Османи.

Од соговорниците е добиена потврда за конзистентното германско ангажирање и поддржување на европскиот пат на Македонија со цел задржување на кредибилитетот на Европската унија во регионот.

Во изјава од Берлин шефот на дипломатијата оценува дека ова е важна работна посета на Германија каде што разговарале за предизвиците наметнати од руската агресија во Украина и блокираната европска перспектива на регионот, како извор на системска ранливост.

– Ги нформирав германската Влада и германскиот Бундестаг за чекорите кои ги презеде Република Северна Македонија за да постигне стопостотна усогласеност со надворешната и безбедносна политика на ЕУ и со тоа покажа зрелост, но и доследност како партнер на Европската Унија, но и НАТО-член во регионот, а секако ја информирав Владата и Парламентот за текот на разговорите со Република Бугарија. Притоа констатирајќи дека е време Република Бугарија да покаже стратешко лидерство со цел да се прекине овој токсичен круг на односи којшто се провлекува со години и остава трајни последици помеѓу граѓаните од двете страни на границата, а секако и ЕУ да презема стратешко лидерство кон регионот заради тоа што овие историски моменти го наметнуваат токму тоа, вели Османи.

За време на работната посета на Берлин, Османи, попладнево, ќе има средба и со државната министерка надлежна за Европа, Ана Лирман.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…