Османи од Даблин: Македонија е тест за кредибилитеот на ЕУ на Балканот, премногу чекаме за членство во ЕУ
Македонија е тест за кредибилитетот на Европска унија во целиот Балкански регион, истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи во одговор на прашање на ирските пратеници при својата посета во Даблин. Османи рече дека фактот што Македонија предолго и неправедно чекаше почеток на преговори и неправедните услови кои беа поставени, силно влијаат на моитвацијата на другите земји во регионот да ги реализираат реформите кои од нив ги бара ЕУ.
„Кога во Србија, во Косово или во Босна и Херцеговина, европските функционери одат и бараат тие земји да ги продолжат со тешките реформи, бијдеќи тоа ќе ја зајакне нивната перспектива за ЕУ, обично одговорот е: Па, погледнете го случајот со Македонија. Значи, досието на Македонија исто така влијаеше на динамиката во регионот“ – истакна Османи.
Османи рече дека она што ќе се случи со Македонија секако ќе влијае на одлуката на другите да продолжат понатаму во процесот. Тој напомена дека Македонија и Албанија се воведени како двојка во процесот, така што еден од ризиците е ако нема напредок во едната земја да се прелее тоа незадоволство и во другата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СНЕМУВА БАКАР, ГЕРМАНИЈА БАРА ДА СЕ ПРАВАТ…
Во рудниците за бакар се потребни нови…
Седум од десет Европејци сакаат ЕУ да…
Околу 71 отсто од Европејците сакаат Европската…
Бесплатен интернет на 72 локации во 64…
Вкупно 72 локации во 64 општини низ…
ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…
Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…