Османи: Од македонска перспектива, ДУИ е најпатриотската партија во оваа држава

t

Ова сигурно можат да ми го злоупотребат „вленовците“, но, од македонската перспектива и за тие Македонци кои што ја гледаат државата како најважниот „асет“ на народот, ДУИ е најпатриотската партија во оваа држава бидејќи е единствената која го гарантираше унитарниот карактер на држава. Еден исфрлен народ од институциите со 0,2% претставеност во 2022 година, го внесе во системот, наместо да понуди алтернативен обид и паралелни институции, рече потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи во емисијата „Вин-вин“.

Тој рече дека ДУИ била „моторот за членство во НАТО“, но за жал, како што вели, „македонските политички партии 20 години јаваат на бранот на албанофобијата“, со цел да ловат политички поени.

Османи оценува дека во денешно време, „Албанците се омаловажуваат“ и се пожали дека вчера нивно партиско соопштение било објавено само во два македонски медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: На Воената академија – 0 кадети…

Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение…

ДУИ бара брзи предвремени парламентарни избори!

ДУИ бара брзи предверемени избори по победата…

(Видео) ДУИ ја прославува победата во Брвеница

Демократската унија за интеграција (ДУИ), како предводник…

Официјално: Кандидатот на ДУИ победи во Брвеница

Кандидатот на ДУИ, Аркин Јахиј, победи во…

(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…

Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…