Османи од Софија: Ќе предложам Законот за здруженија и фондации да се испрати до Венецијанската комисија!

t

Особено ме радува фактот што ја реализираме оваа моја прва работна посета на Софија по вашето назначување.

Ова е втора средба во кратко време што ја покажува нашата посветеност, истакна министерот за надворшни работи, Бујар Османи при денешната посета во Бугарија.

– Разговаравме за динамиката на работата на меѓусекторксите работни групи, означен е стартот на градбата на железничкиот дел на Корисор 8 и меѓусистемско гасно поврзување со интернонектор, вели Османи кој посочи дека трговската размена изнесува над 710 милиони евра со тенденција да премиен една милијарда евра до крајот на оваа година, односно зголемување за 52% од лани.

Следниот месец ќе организираме заднички бизнис форум во Скопје, на кое ќе ги споиме бизнисите од двете земји, рече Османи.

Османи го спомена и градењето на граничниот премин Клепало, кој како што вели ќе се отвори на заедничко задоволство на луѓето од двете страни од границата.

– Изминатиов период бевме сведоци како се злоупотребуваат овие цели, се креираа непријатни настани за да се киднапираат агендите за добрососедските односи. Јас и колегата Милокв нема да дозволиме друг да ни ја води надворешната политика, ќе градиме европска иднина за сите наши граѓани, ние сме сојузници во НАТО, идни партнер во ЕУ но пред се’ пријатели и соседи, истакна Османи во врска со отварањето па затварањето на македонскиот клуб Никола Јонков Вапцаров.

– Културно-информативните центри во Скопје и Софија се начин како да се подобрат односите, граѓаните имаат право да се здружуваат ама тоа да биде во духот на добрососедството. Донесен е Закон во Собрание за да се спречи саботирање на заедниците од страна на други чинители, ама поради тоа што се оспорени одредени прашања во Законот, јас ќе предложам Владата да го прати Законот во Венецијанската комисија, вели Османи за новодонесениот Закон за здруженија и фондации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чернева: Тешко дека Македонија ќе почне преговори…

Директорка на канцеларијата на Европскиот совет за…

Траги-комедија: Се степале две 80-годишни баби во…

Две постари жени во саботата попладне се…

Димитров: Албанија нема да има ништо против…

Македонија го избра парадоксот на комбинирање на…

Не постои бугарска влада која повторно би…

„Не гледам како може повторно да репреговаран…

Шпанците живеат најдолго, Бугарите најкратко во ЕУ

Просечниот животен век во Шпанија е 84…