Османи: Политиката на ВМРО-ДПМНЕ е предавство кон САД, ЕУ и кон своите граѓани, поради нив Македонците земаат бугарски пасоши
Кандидатот за претседател од Европскиот фронт, Бујар Османи денеска имаше порака за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Мицкоски го обвини Османи дека не се консултирал со нив кога го прифаќал Францускиот предлог.
„Политиката на ВМРО-ДПМНЕ е предавство кон САД и ЕУ, и кон сопствените граѓани. Секој Македонец кој зема бугарски пасош, тоа го прави поради нивната политика, и нека одат нека бараат одговорност од нив и не е лесно за секој човек, влезете им во кожа како им е на тие граѓани кои одат во Софија со наведнати глави и се пишуваат како Бугари“, рече Османи.
Тој претходно кажа дека е подготвен да ја прекине кампањата и да оди во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и да им го презентира Францускиот предлог и Преговарачката рамка.
„Ако на 12 мај давам заклетва, на 13 мај почнува долгата средбата на лидерите додека не си подадеме рака околку конзензус за европската перспектива. Да му кажам на Мицкоски, колку пати сум барал да одам во ВМРО-ДПМНЕ да го претставам Францускиот предлог и Преговарачката рамка како што бев во СДСМ. Предлогот го презентирав точка по точка пред сите членови на Собранието на СДСМ, сите партии кои беа во Влада ме примија за да ги преставам точка по точка, затоа што јас најдобро го знам. Во неколку наврати сум го молел Мицкоски: примете ме во партијата да ви презентирам, тоа што го кажувате не е точно и не им правите добро на граѓаните. Еве ќе се нудам и сега, ќе ја прекинам кампањата, спремен сум да одам во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ пред сите нив членови да одговарам на прашањата, да видат дека не е точно тоа што го зборуваат, дека ги манипулираат граѓаните“, рече Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Поддршка за студентите, Србија заслужува промена
Венко Филипче им посака успех на студентите…
(Видео) Алексовска ја совлада Гркинката Хаѕопулу на…
Македонската ММА борачка Даниела Алексовска забележа голема…
Израелската војска исели околу 1.200 Палестинци од…
Израелската армија принуди околу 1.200 Палестинци да…
Багдад се сомнева дека Израел погодил складишта…
Ирачките власти истражуваат сомневања дека Израел извршил…
ЕЛЕКТРОНСКА ВОЈНА НАД ПЕРСИСКИОТ ЗАЛИВ: Масовно попречување…
Сериозни нарушувања на сателитската навигација се пријавуваат…