Османи: Политичарите треба последни да добијат зголемување на платата
Секој политичар кој ќе каже дека не му е важна платата, тоа не е добра порака бидејќи има друг извор. Јас немам друг извор за живеење освен оваа плата, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарско прашање околу одлуката на Уставниот суд за укинување на одредбите од Законот за плати и надоместоци кај избраните лица, што доведува до зголемување на платите на функционерите.
Според него, секој би сакал поголема можност, но од етички аспект политичарите треба да бидат последните на листата на граѓаните кои што треба да имаат повисоки плати.
-Откако на сите ќе им се зголемат, потоа на политичарите. Од практичен аспект, демагогија е секој што ќе каже дека не му е важна платата во овие тешки времиња, кажа Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…