Османи: Приемот на Шведска во НАТО е најважниот безбедносно-политички настан во Европа
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на Фејсбук објави дека е постигнат договор за влез на Шведска во НАТО, а ваквиот договор го нарече најважниот политичко-безбедносен насан во Европа.
-Одлични вести од овде од Вилнус!
За време на НАТО самитот се постигна политички договор со кој нашиот сојузник Шведска се приклучува во трансатлантското семејство, продолжувајќи го патот до полноправно членство како 32 земја – членка на НАТО
По членството на Финска, ова е најважниот политичко – безбедносен настан кој не само што значително ја зајакнува моќта на Алијансата, туку и силно ќе влијае на долгорочната безбедност и стабилност на Европа. – напипа Османи на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…
„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…
Трамп ќе присуствува на самитот на НАТО
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на…
Блумберг: НАТО бара од европските членки да…
НАТО бара од европските членки петкратно да…
НАТО бара од Германија да обезбеди околу…
НАТО ќе побара од Германија да обезбеди…