Османи разговарал со Агелер и Дрекслер: „Целосно применување на меѓународните договори претставува обврска за Македонија“
Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи денес остварил средби со амбасадорките на Германија и САД во земјава. Според соопштението од МНР, се разговарало за евроинтегративниот пат на Македонија.
Османи на средбата со Анџела Агелер ја нагласил неопходноста од почитување на Охридскиот рамковен договор и забрзување на евроинтегративниот процес на земјава како споделен стратешки интерес и гаранција за стабилноста.
-Посветеност за зајакнување на билатералните односи на линија на активностите кои произлегуваат од Стратешкиот дијалог со САД, стои во соопштението за средбата со американската амбасадорка.
Од друга страна, со германската амбасадорка Петра Дрекслер, Османи зборувал за „исполнувањето на условите преку продолжување на реформските процеси и целосно применување на меѓународните договори претставува обврска за Македонија за заокружување на европската интеграција“. Вака е наведено во кусото соопштение објавено на профилите на социјалните мрежи на министерот.
„Соединетите Држави остануваат цврсто посветени на Договорот од Преспа и евроатлантските интеграции на Македонија. Откако ќе се формира нова влада и ќе се избере премиер, ќе продолжиме да ја зајакнуваме важноста на почитувањето на меѓународните договори и придобивките од продолжувањето со полноправно членство во Европската унија“, порачаа вчера од амбасадата на САД во земјава откако на инаугурацијата на Гордана Силјановска-Давкова беше кажано претходното уставно име на државата Република Македонија.
Германската амбасада упати честитки до претседателката за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател на Македонија, оценувајќи го како „историски момент“.
„Историски момент: честитки до претседателката Гордана Сиљановска Давкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател на Македонија! Се радуваме на натамошниот развој на доверливата соработка и пријателство меѓу Германија и Македонија на патот кон нашата заедничка европска иднина“, објави на Фејсбук Амбасадата на Германија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети: Македонските, албанските и српските криминалци соработуваат,…
Криминалот не познава етнички граници, додека политичарите…
ПРЕКИН НА КЛУЧЕН ПОДМОРСКИ ИНТЕРНЕТ-КАБЕЛ: Пакистан се…
Сериозни нарушувања во интернет-комуникациите се пријавени во…
Се запалиле бандери за електрична енергија во…
Скопските пожарникари вечерва имале полни раце работа.…
Горело патничко возило, ЦУК се огласи за…
Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на…
ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…
Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…