Османи: САД да го подготви нацрт-статутот за ЗСО во Косово!
Косовската претседателка, Вјоса Османи, вечерва порача дека Косово заедно со САД треба да подготви нацрт на статутот на Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО), а нацртот да му го претстави на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.
Османи, за РТК, изјавил дека Договорот за нормализација на односите, кој Косово и Србија го постигнаа на почетокот на годинава, не е „совршен“ за Косово, туку е меѓународна обврска.
Претседателот објаснува дека се уште има сомнежи како некои делови од договорот може да се применат во пракса, повикувајќи се на членовите 7 и 10.
„Мислам дека решението е следното: треба да седнеме со САД, да го подготвиме нашиот нацрт, нацртот на Република Косово. Првично само со САД, мислам дека ова решение е да седнеме на маса со нашите партнери во САД, да му го претставиме на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, нашиот нацрт, кој е во согласност со Уставот на Косово, во согласност со одлука на Уставниот суд, во согласност со писмото на поранешната шефица на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, кое гарантира дека нема да има извршни овластувања и во согласност со пишаниот американски став на Дерек Шол и пратеникот на Вашингтон за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кои појаснуваат дека такво тело ќе биде координативно тело, без извршни овластувања“, рече таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Екс фудбалер од Србија уапсен во Португалија…
Српскиот фудбалер Урош Милошевиќ (31), во средата,…
Србија не побара помош од ЕУ за…
Србија не го активирала Механизмот за цивилна…
Земјотрес ја погоди Србија
Земјотрес со јачина од 3 степени според…
Постигнати спогодби со осомничените за транспорт на…
Случајот со транспортот на марихуана од Македонија…
„Њујорк тајмс“: Русија обучувала групи во Србија…
Руски оперативци поврзани со военната разузнавачка служба…