Османи: Секој што ќе го навреди македонскиот народ ќе му биде последно доаѓање во Македонија

t

Секој оној кој среде Скопје ќе го навредува и негира македонскиот народ, ќе му биде последно доаѓање, ова го порача шефот на дипломатијата Бујар Османи кој денеска во Софија заедно со неговиот бугарски колега Никола Милков, беа во посета на Христијан Пендиков.

Министерот Османи го осуди чинот на насилство извршен врз Пендиков и порача дека веќе ќе има нулта толеранција и за насилството и за провокаторите кон македонската и која било заедница во Македонија.

„Какви било првокации од политичари кои што доаѓаат во Република Македонија, сред Скопје го негираат и навредуваат македонскиот народ, тоа мораме да го прекинеме. Тој циклус во кој сме влезени мора да престане и затоа упатуваме порака-тоа ќе биде последно доаѓање во Република Македонија на секој кој што ќе ги навреди Македонците, македонскиот народ или било која друга заедница. Ние нема да дозволиме никој да ја навреди бугарската заедница или најмалку да покаже насилство кон припадник на бугарската заедница во Македонија и државата тоа ќе го гарантира – изјави министерот Османи.

Османи порача дека провокациите и насилствата мора да престанат и дека Македонија нема да дозволи провокатори и насилници да ја киднапираат агендата на градење добрососедски односи со Република Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

18-километарска колона од камиони на бугарскиот граничен…

Втор ден сообраќајот околу граничниот премин „Капитан…

(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…

Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…

Радев: Целосно забрануваме рекламирање на игри на…

„Воведуваме целосна забрана за рекламирање на игри…

Бугарија врати над два тони кисело млеко…

Бугарските власти не дозволиле влез на пратка…

Радев најави американски инвестиции во Бугарија за…

„Го прекинавме влијанието на олигархијата врз власта.…