Османи: Се надевам дека сите министри во ОБСЕ ќе пристигнат во Скопје

t

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен се очекува да пристигне на Самитот на ОБСЕ во Скопје на 29 ноември. Според шефот на македонската дипломатија, засега нема индикации кои би го поречиле неговото доаѓање.

Дали рускиот шеф на диломатијата Сергеј Лавров ќе допатува во Скопје, засега нема конкретни информации, особено што ставот на организиацијата за руската агресија врз Украина е јасен. Османи како претседавач со ОБСЕ, веќе најави дека очекува присутво на сите министри, но потенцира дека во моментов во организацијата нема никаква доверба поради руското противење, затоа е отежнато носењето на било какви одлуки.

Американскиот амбасадор во ОБСЕ Мајкл Карпентер, кој е дел од младинскиот форум на ОБСЕ во Скопје, вели дека одлуките треба да се носат со консензус, но сепак имало начин како да биде заобиколена Русија.

Во моментов ОБСЕ се соочува со сериозен предизвик да обезбеди консензус за именување на четири клучни позиции, па и онаа на генерален секретар. Османи признава дека токму за изборот на овие позиции, но и за нов претседавач најголем проблем е руската блокада.

Подготовките за годишната конференција на ОБСЕ во Скопје ќе се одржи на 29 ноември и 1 декември привршуваат , а според најавите на МНР треба да учествуваат околу 1000 делегати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО ВАШИНГТОН: Републиканците се свртуваат…

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет се…

ИЗРАЕЛ НАЈАВУВА НОВИ НАПАДИ ВРЗ ИРАН: Мисијата…

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, порача…

Трамп со ултиматум до Иран: Војната може…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нова…

„25 години живеам благодарение на твојата лесна…

Бројни пораки со благодарност, почит и сеќавања…

(Видео) ВОЗИ СО НАД 200 КМ/Ч И…

Возење со брзина поголема од 200 километри…