Османи се сретна со рускиот амбасадор – соопштението е смешно

t

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се сретна со амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Сергеј Баздникин.

На средбата стaна збор за случувањата во и околу Украина, при што министерот Османи повика на деескалација на состојбите и изнаоѓање решение преку дијалог и дипломатски начин на комуникација, и го повтори ставот дека Македонија го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, во меѓународно признатите граници.

Воедно, Министерот Османи нагласи дека нашето членство во НАТО претставува значајно надворешно – политичко достигнување на земјава, што е израз на наша суверена одлука донесена едногласно во Собранието во 1993 година. Членството на Македонија во НАТО Алијансата претставува гаранција за нашата безбедност, а воедно придонесува и за пошироката регионална безбедност и сигурност. Дополни, дека НАТО е алијанса за колективна одбрана на земјите членки и не претставува закана за Руската Федерација или било која друга земја во светот.

Министерот Османи го реафирмираше повикот до Руската Федерација за отворен дијалог во рамки на Советот НАТО-Русија и во ОБСЕ со цел за унапредување на европската безбедност, што е од заеднички интерес за сите.

На средбата беше дискутирано и за улогата на Македонија како дел од ОБСЕ Тројката и идното претседавање со ОБСЕ во 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Татко и син нападнати во скопско

На 25.04.2024 во 20:40 часот во СВР…

Во ДИК пристигнат еден приговор за постапката…

Истече рокот за поднесување приговори за постапката…

Касами: Со Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе изгласаме…

Претседателот на Беса и еден од лидерите…

(Видео) Израелски министер доживеа сообраќајка: автомобилот превртен

Автомобилот на министерот за национална безбедност на…

САД и испорача на Украина балистички ракети…

САД испратија нов ракетен систем со долг…