Османи со голема мисла: Ако го прогласиме Џамбаски за непожелна личност ќе му направиме услуга
Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека засега, не е опција бугарскиот евроипратеник Ангел Џамбаски да се прогласи за непожелна личност.
Според Османи, целта на Џамбаски била да провоцира и да се самопромовира преку реакцијата која ќе ја предизвика кај македонските власти.
Изјавата на Османи следува откако бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски минатиот викенд во Скопје во друштво на стотина поддржувачи на ликот на Мара Бунева изнесе серија провокации околу историјата и односите меѓу двете земји.
„Ние таа дилема ја имавме и овде бидејќи ова го разговараме во Министерството. Има предлози да го прогласиме за персона нон грата, меѓутоа ние мора да ги размислиме сите аспекти.
Дали со тоа му правиме услуга на човекот?
Ако ескалира состојбата, можеби ќе го смениме мислењето и ќе мораме да донесеме таква одлука дури и на сметка на тоа што ќе му направиме таква услуга. Но, засега сметаме дека не треба да ја играме неговата игра туку да си имаме наша стратегија“, изјави министерот Османи одговарајќи на новинарско прашање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СИ-ЕН-ЕН: АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА МОЖЕН ИРАНСКИ…
Американските разузнавачки служби располагаат со информации кои…
Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…
Во понудата на инстант лозови на Државна…
ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…
Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…
НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…
Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…
ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…
Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…