Османи: Со новата визија, Чаршијата ќе ја посетуваат три пати повеќе туристи
На Старата Чаршија не и се потребни иновативни и нови идеи туку враќање на нејзиниот автентичен изглед што ќе привлече три пати повеќе туристи. Ова го истакна кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи.
Предлогот за враќање на изгледот на Старата Чаршија, како пред 100 години, е на светски реномираниот архитект од Мексико, Мишел Ројкинд, кој како дел од тимот на Османи го презентираше планот „Визија Чаир 2040″.
„Наместо да се обидуваме да пронајдеме нови иновативни форми, само ќе ги најдеме старите слики за тоа како изгледала Чаршијата пред 100 години, ќе им ги презентираме на луѓето, на сопствениците на продавниците”, рече Османи.
Тој го спомена примерот со чаршијата во Ѓирокастро и промените што таа ги претрпела.
„Луѓето прво се спротивставија на вакви промени, а потоа кога приливот на туристи се зголеми, за три, четири пати, луѓето всушност сфатија колку добиле од тоа”, рече Османи.
Според Ројкинд, Старата Чаршија треба да биде место што ќе ја зборува историјата на градот и ќе ја зачува традицијата.
„Имате одлична Чаршија. Таа може да биде место каде што имаме најквалификувани работници во метална или дрвена обработка. Како да направиме старите чаршии да станат место каде што секогаш се раскажува историјата? Што ако почнеме да ја чистиме Чаршијата и да ги најдеме сите постари фотографии врз основа на кои ќе ја вратиме во нејзината оригинална форма”, предложи Ројкинд на презентацијата на неговиот план за иднината на Чаир „Визија Чаир 2040″.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дронови го затворија небото над Луксембург: Суспендирани…
Воздушниот сообраќај на главниот аеродром во Луксембург…
Киев може да се соочи со „вистински…
Страв од руски удари врз струјата, водата…
Удар за Европа: Арамко стопира дел од…
Европскиот енергетски пазар добива нов удар во…
„Вашингтон пост“: Пентагон јавно прикажал помал број…
Најмалку 22 припадници на американските вооружени сили…
Мицкоски во Америка со финансиска конструкција за…
Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МИА…