Османи со честитки до Финска за влезот во НАТО: Историски ден за Алијансата

t

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, на социјалните мрежи ѝ го честиташе на Финска влезот во НАТО и порача дека ова е историски ден за Алијансата.

– Историски ден за Алијансата – Честитки за Финска и за сите НАТО сојузници!

Со вчерашната Ратификација на Протоколот за членство на Финска во Алијансата од страна на Парламентот на Турција се заокружи целиот процес на Ратификација со што Финска станува 31. земја – членка на НАТО. Во денешната сложена безбедносна архитектура на Континентот ова претставува еден од најзначајните чекори за единството на сојузниците, и за зајакнување на трансатлантската стабилност.

Очекуваме наскоро и апликацијата на Шведска да го заокружи овој процес, со што целосно ќе се заокружи источното крило на Алијансата по целата оска север – југ. Република Македонија останува силен поддржувачи на политиката на Отворени врати на НАТО како една од најуспешните политики на Алијансата и значаен влог во создавањето на новата безбедносна архитектура на Европа
#НиеСмеНАТО#ПосилниЗаедно – напиша Османи на Фејсбук.

Министерот ѝ честиташе на Финска и на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…