Османи: Србија има план за Балканот сличен како оној во Украина!
Претседателката на Косово, Вјоса Османи која престојува во официјална посета на Албанија изјави дека Србија има дестабилизирачки план на Западен Балкан, сличен на оној во Украина.
„Србија секогаш ја влошува ситуацијата во нашиот регион преку честите напади на Косово. Со строгото спроведување на планот што Путин го спроведе во 2014 година против Украина, Вучиќ и Србија имаат за цел да го дестабилизираат целиот Западен Балкан и преку дестабилизација на нашиот регион да го нападнат системот на вредности на кој стојат ЕУ и НАТО“, рече Османи.
Покрај средбата со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, Османи се сретна и со премиерот на Албанија, Еди Рама, со кого разговараше за европската иднина на двете земји и за зголемување на соработката, соопштија од кабинетот на претседателот на Косово.
„Содржајна дискусија за заедничката европска аспирација на Косово и Албанија. Со заедничка работа Косово и Албанија можат да го отворат патот за посветла и поинтегрирана иднина“, рече Османи.
На покана на претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, претседателката на Косово, Вјоса Османи, престојува во дводневна официјална посета на Албанија.
Посетата ќе продолжи во градот Берат, а ќе заврши утре во Драч, каде покрај средбите со градоначалниците на овие два града, ќе ја посети и царинската испостава на Косово во пристаништето Драч.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
Судир меѓу полиција и демонстранти на протест…
Протест пред албанскиот Парламент, придружен со судир…
23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…
Група од околу 20 претставници на Европскиот…
Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…
Неизвесно е дали ректорот на Белградскиот универзитет…
Сè уште е неизвесно дали ректорот на…