Османи: Српски криминални банди ги нападнаа косовските полицајци и КФОР
За инцидентите во Косово се огласи и косовската претседателка Вјоса Османи.
Таа на Твитер напиша дека оние кои ги извршуваат наредбите на Александар Вучиќ за дестабилизација на северот на Косово, мора да се соочат со правдата.
„Српските нелегални структури претворени во криминални банди ги нападнаа косовската полиција, офицерите на КФОР и новинарите. Овие неприфатливи акти на насилство мора да бидат осудени од сите. Оние кои ги извршуваат наредбите на Вучиќ за дестабилизација на северот на Косово мора да се соочат со правдата“, напиша Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…