Османи тврди дека се подготвува план за укинување на Законот за јазици

t

Поранешниот министер и функционер на ДУИ, Бујар Османи, обвини дека постои континуирана и, како што рече, „добро осмислена политика“ за поткопување на Законот за употреба на јазиците.

Османи тврди дека уште во минатото пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се обиделе физички да го спречат донесувањето на законот, а подоцна истиот бил оспорен пред Уставниот суд.

Според него, по доаѓањето на власт, ВМРО-ДПМНЕ ја „инструментализирало“ Уставен суд на Република Македонија со цел, како што вели, да се затвори ова прашање.

Тој посочи дека се прават институционални чекори кои, според него, водат кон слабеење на примената на албанскиот јазик, вклучително и, како што наведе, намалување на надлежностите на инспекторатот, маргинализирање на агенциите и отстранување на јазикот од официјални документи и ознаки.

Османи предупреди дека, како што рече, се подготвува наратив за измена на клучните одредби од законот, оценувајќи дека станува збор за долгорочен и координиран процес.

Во обраќањето, тој повика на обединување и поддршка за студентите кои протестираат, нагласувајќи дека прашањето за јазикот ги надминува партиските разлики.

„Јазикот не е на никого поединечно, туку е резултат на генерациска борба. Денес треба да бидеме заедно – не само Албанците, туку сите граѓани кои сакаат еднаква и европска држава“, порача Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ДАЛИ АХМЕТИ ГО ПУШТА ГРУБИ НИЗ…

Колку повеќе Али Ахмети се обидува да…

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…

ВЛЕН: Бујар Османи живее во апсурдистанот на…

Оваа нереформирана ДУИ никако да ја разбере…

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме

ДУИ преку соопштение реагираше по одбележувањето на…

Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…

„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…