Османи – Турковиќ: И Македонија и БИХ имаат јасна аспирација за членство во ЕУ

t

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес, оствари средба со заменик претседавачот на Советот на министри и министер за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ, која престојува во работна посета на Република Македонија.

На средбата на двајцата министри беше изразено заемно задоволство за динамиката со која се развиваат односите и соработката меѓу Македонија и Босна и Херцеговина, кои оваа година одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи. Беше изразена подготвеност за интензивирање на секторската соработка, пред сѐ на економската размена, која заостанува во однос на многу добрите политички односи.

Османи упати честитки за доделувањето на кандидатски статус на Босна и Херцеговина за членство во ЕУ, нагласувајќи дека тоа е позитивен сигнал во контекст на заокружувањето на европската иднина на регионот.

“Двете земји имаат јасна аспирација за членство во ЕУ, и минатата година постигнавме сериозен напредок – ние почнувајќи ги преговорите, а Босна и Херцеговина во добиениот кандидатски статус. Со оваа одлука се испраќа позитивен сигнал за кредибилна европска перспектива на сите земји од Западен Балкан и оттука истата има исклучително значење за стабилноста, просперитетот и европската иднина на целиот регион”, нагласи Османи, изразувајќи ја притоа подготвеноста на Македонија да ѝ помогне на Босна и Херцеговина во нејзините Евро-Атлантски аспирации и реформите кои треба да ги спроведе.

ЕУ кандидатскиот статус за Босна и Херцеговина е јасна порака и во однос на сецесионистичките тенденции, со кои се загрозува суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина.

Како актуелен претседавач со САД – Јадранската повелба (А5), Македонија работи на нов стратешки концепт на повелбата, кој треба да ја зајакне улогата на А5 во регионот, но и да ги приспособи неговите цели и мисии во согласност со новите безбедносни предизвици. Воедно двете земји ја реафирмираа политиката на отворени врати на А5 и идно проширување со нови земји-членки.

Османи ја запозна министерката Турковиќ и со приоритетите на претседавањето на Македонија со ОБСЕ.

„Како претседавач кој доаѓа од регионот, посебен фокус во нашата работа ќе имаат теренските мисии на ОБСЕ во Југоисточна Европа. Притоа, значајно внимание ќе биде посветено и на работата на Мисијата на ОБСЕ во БиХ“, додаде тој.

Се разговараше и за потребата од засилена координација, со што ќе се овозможи поадекватен одговор на современите предизвици, како енергетската криза, одржувањето на стабилноста и безбедноста на регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СИ-ЕН-ЕН: АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА МОЖЕН ИРАНСКИ…

Американските разузнавачки служби располагаат со информации кои…

Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…

Во понудата на инстант лозови на Државна…

ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…

Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…

НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…

Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…

ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…