Османи утре патува во Берлин: Ќе се сретне со колеги од НАТО

t

Шефот на дипломатијата Бујар Османи утре и задутре ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешните работи на земјите членки на НАТО, што ќе се одржи во Берлин.

Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите ќе биде руската воена инвазија во Украина, можните импликации од војната врз сојузниците, вклучително и безбедносните ризици и идната одбранбена поставеност на НАТО, како и претстојниот самит на лидерите во Мадрид. На состанокот се поканети да учествуваат и министрите за надворешни работи на Финска и Шведска, кои ќе информираат за најновиот развој на настаните, придобивките и импликациите врзани со можното идно членство на овие две земји во Алијансата.

На маргините на состанокот, се очекува Османи да оствари билатерални средби со министрите за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба и на Црна Гора, Ранко Кривокапиќ, како и со други колеги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Османи не го потврди доаѓањето на Лавров…

Прашан дали имаат комуникации со Кабинетот на…

Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…

За тврдењата на албанската опозиција дека во…

Османи: Европската агенда на Македонија мора да…

Враќањето на проширувањето на агендата на Европската…

Османи: СДСМ и ДУИ ќе кандидираат заеднички…

„Како никогаш досега, општеството е поларизирано по…