Османи: Членството во НАТО се реализираше во вистински момент, пред почетокот на руската агресија врз Украина
Членството на Македонија во НАТО се реализираше во многу соодветен момент, пред почетокот на руската агресија во Украина. Интеграцијата во НАТО и ЕУ е најдобар одговор на руските империјалистички амбиции. Украина е само прва станица, а една од следните ќе биде Западен Балкан, истакна денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи, кој го водеше традиционалниот НАТО настан, со што започнаа Деновите на НАТО во земјава, со кои се одбележуваат четири години од членството на Македонија во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата.
-Членството на Македонија во НАТО се реализираше во многу соодветен момент, пред почетокот на руската агресија во Украина. На тој начин, земјава претставува не само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за земјите во нашето соседство, кои имаат волја и се подготвени да застанат зад заедничките евроатлантски вредности и цели, рече Османи, потенцирајќи дека сега е време за забрзување на европските и евроатлантските интегративни процеси.
Според него, сега повеќе од било кога, евроатланската и европската интеграција на Западниот Балкан е клучна за подобрување на безбедноста и за консолидирање на стабилноста.
-Евро-атлантските интегративни процеси се најдобрите демократски алатки за спречување конфликти и злонамерно вмешување на трети страни, рече министерот.
Османи го поздрави проширувањето на трансатлантското семејство со две нови земји членки – Финска и Шведска, нагласувајќи дека ваквиот чекор е особено значаен бидејќи ќе ја направи Алијансата посилна и дополнително ќе ја зајакне евро-атлантската безбедност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелските медиуми со различни резултати од излезните…
Партијата Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху…
ВМРО-ДПМНЕ: Очигледно вечерва на смена е Фрчковски,…
Очигледно вечерва во СДС на смена е…
Лидерот на главната опозициска партија во Албанија…
Лидерот на главната опозициска партија во Албанија…
Песков: Путин и Трамп не разговарале за…
Претседателите на Русија и на Соединетите Американски…
Нетанјаху предупреди дека „му ја крадат победата“:…
На денот на парламентарните избори, израелскиот премиер…