Османи јавно да ги објави македонските одговори на бугарските барања
Пратеникот и претседател на собраниската Комисија за надворешни работи, Антониjо Милошоски, побара да се одржа јавна седница на која ќе бидат дискутирани македонско-бугарските односи. Според него, министерот за надворешни работи, Бујар Османи треба да ги презентира македонските одговори на т.н. бугарски „Предлог 5+1“.
-Барам, бидејќи пратениците имаат надлежност да бидат контролор на извршната власт, до Комисијата да ги испратите одговорите на бугарските барања познати како „план 5+1“, кои македонската страна ги достави до официјална Софија во декември 2021 година. Во контекст на евроинтеграциите и Договорот за добрососедство склучен меѓу Република Македонија и Република Бугарија сметам дека овие одговори од планот 5+1 не треба да бидат тајна за пратениците, напротив, за нив би требало да се отвори сериозна дискусија во Собранието, кое има своја законска надлежност во креирањето на надворешната политика на државата, нагласува Милошоски во официјалното барање испратено до МНР.
Тој предлага оваа седница да биде отворена за јавноста и да се одржи што поскоро.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
18-километарска колона од камиони на бугарскиот граничен…
Втор ден сообраќајот околу граничниот премин „Капитан…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…
Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…
(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…
Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…
Радев: Целосно забрануваме рекламирање на игри на…
„Воведуваме целосна забрана за рекламирање на игри…