Османи ќе ја претстави приоритетната рамка на претседавањето на Македонија со ОБСЕ
Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе ја претстави приоритетната рамка на претседавањето на Македонија со ОБСЕ во 2023 година, пред Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена.
МНР активно се подготвува за преземањето на претседавањето од актуелниот претседавач – Полска и презеде серија активности во функција на операционализација на доверениот мандат во 2023 година.
Во таа насока, преку активен дијалог со релевантните државни институции, земјите учеснички и извршните структури на ОБСЕ, беше развиена прелиминарна рамка на приоритети преку која ќе имаме директен придонес врз политиките поврзани со трите димензии на ОБСЕ, политичко-воената, втората која ги таргетира прашањата поврзани со економијата и животната средина, како и третата, хуманата димензија.
Во Виена, МНР Османи ќе оствари средба со Генералната секретарка на ОБСЕ Шмид, постојани претставници на земјите учеснички, а за време на престојот е предвидено да оствари средба и со сојузниот министер за европски и надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…